tax collector - онтологија

арачлија повеќе

мн. арачлии
Вид збор: Именка, машки род
Човек што собирал арач, даночник.
Турски: haraçcı
Употреба: Економија , Историја
Примери:
Идат арачлии арач да собираат.

бегликчија повеќе

мн. бегликчии
Вид збор: Именка, машки род
Собирач на данок во натура во Турското Царство.
Турски: beylikçi
Употреба: Економија , Историја

бирник повеќе

мн. бирници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што собира данок.
Употреба: Архаизам
Примери:
Тој беше бирник воин.

даночник повеќе

мн. даночници
Вид збор: Именка, машки род
Овластено лице што собира данок; лице што работи во даночна служба, што пресметува данок.
Албански: tatimmbledhës
Употреба: Економија